Мицкоски: Го информирав Туск за корупцијата и криминалот во земјата

12.05.2021 20:05

Дополнувајќи дека со Туск е договорена поблиска соработка, Мицкоски го известил поранешниот претседател на Европскиот совет за неможноста од напредок,со корумпирано судство, дека не се можни фер избори со поткуп.

„Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високите претставници на владата во криминал кој минува неказнет, како и за широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата.“ Ова го наведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по телефонскиот разговор со претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск.

Дополнувајќи дека со Туск е договорена поблиска соработка, Мицкоски го известил поранешниот претседател на Европскиот совет за неможноста од напредок,со корумпирано судство, дека не се можни фер избори со поткуп.

Невозможна е нормалноста покрај силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот, рекол лидерот на опозицијата.