МВР
Престрелка во скопската населба Бутел, убиено едно лице
13.05.2021 09:29
Од полицијата велат дека околу 21 часот и 30 минути на паркинг кај булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски- Карпош“, од автомобил во движење било пукано кон возило „Голф“ во кое биле двајца мажи.

Во скопската населба Бутел 2 синоќа се случи убиство. Од полицијата велат дека околу 21 часот и 30 минути на паркинг кај булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски- Карпош“, од автомобил во движење било пукано кон возило „Голф“ во кое биле двајца мажи.
По пукотницата, тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што еден од ранетите починал. Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на денот.
