Полициски час од почноќ до четири часот наутро
Со владината одлука, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18-ти мај.

Од полноќ стартува скратениот полициски час кој ќе трае до четири часот наутро. Со владината одлука, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18-ти мај.
Од вчера, летните тераси на угостителските објекти се отворени до 23:30 часот. Со работа почнаа и вежбалните, фитнес клубовите, спортските центри. Се дозволува и организирање настани, но до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 насто на отворено.
Бројот на деца во воспитните групи до две години се зголеми на 15, а од 2 до 6 години, на 20 деца.
Поради намалениот број пациенти затворени се ковид-центрите во неколку клиники во Скопје и дел од капацитетите за ковид пациенти во болниците во другите градови.
