Анализите ќе покажат дали офицерот заразен со Ковид-19 го има Јужноафриканскиот сој
Тој е во добра општа состојба, нема температура ниту проблеми со дишењето, велат епидемиолозите. Потполковникот на клиниката е изолиран од другите пациенти.

Анализите во МАНУ треба да покажат дали македонскиот офицер заразен со Ковид-19 во Африка го има Јужноафриканскиот сој. 55-годишниот потполковник вчера изутрина со авион за медицинска евакуација беше донесен во земјава и е хоспитализиран на Инфективната клиника.
Тој е во добра општа состојба, нема температура ниту проблеми со дишењето, велат епидемиолозите. Потполковникот на клиниката е изолиран од другите пациенти.
Инаку, Јужноафриканскиот сој е многу поопасен од преостанатите мутации на Ковид-19. Побрзо се шири и предизвикува тешка клиничка слика. Досега во земјава иако имаше сомнителни случаи, според здравствените власти не е изолирана мутацијата од Африка.
