Муслиманите слават Рамазан Бајрам, честитки од државниот врв
Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз...

Се надевам дека збогатени со духовната сила која ја дава Рамазан Бајрам и понатаму ќе останеме посветени, одговорни и солидарни и ќе излеземе како победници во борбата со епидемијата чиј крај, благодарение на почнатата вакцинација, веќе се наѕира- честитка за празникот од претседателот Пендаровски.
Во овие тешки мигови за човештвото, светите празници како што е Рамазан Бајрам, носат надеж за нов почеток и ја поттикнуваат вербата на луѓето во доброто, вистината и правдата, вели премиерот Заев во честитката до верниците и до поглаварот на Исламската верска заедница за Рамазан Бајрам.
Ова време на предизвици, сиромаштија и заеднички проблеми можеме да го надминеме ако бидеме сплотени, и ако покажеме дека со разбирање, соработка и толеранција можеме да ги надминеме сите пречки, наведува во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.
