Израел: Горат автомобили и продавници на муслиманите

13.05.2021 10:33

Американскиот претседател Бајден со поддршка за Израел. Во телефонски разговор со премиерот Нетанјаху, ги осуди ракетните напади и пренесе поддршка за безбедноста на Израел и за легитимното право на земјата да се брани.

Палестинските сили истрелаа неколоку стотици ракети врз Израел, кој пак, изведе сили воздушни напади врз Појасот Газа. Двете страни бројат жртви. Горат градови. Судирите продолжуваат и денеска. Најмалку 35 лица настрадаа во Газа и 5 во Израел. Урната е една станбена зграда во Газа, а уште една е оштетена. Израел соопшти дека ликвидирал неколку челници на известувачките служби на Хамас.

Американскиот претседател Бајден со поддршка за Израел. Во телефонски разговор со премиерот Нетанјаху, ги осуди ракетните напади и пренесе поддршка за безбедноста на Израел и за легитимното право на земјата да се брани.

Нетанјаху вети дека ќе продолжи да го напаѓа Хамас. Американскиот државен секретар, Блинкен, пак, разговарал со палестинскиот претседател Абас со барање да ги запре ракетните напади.

Во меѓувреме, илјадници луѓе се собраа во центарот на Чикаго на протести поради насилството во Газа и Израел со барање да се стави крај на израелските воздушни напади.