Светските организации:„За 30-на години ќе има војни за вода“
Во иднина водата ќе стане луксуз за Арапските земји, Африка, Индија. Светските организации предупредуваат дека за 30–на години ќе има војни за вода. Несовесното користење на овој ресурс ќе ги осиромаши дел од континентите . Македонија не е во ризик . Надлежните тврдат - водата е чиста и ја има во доволни количини.

Планините и реките се богатство на земјава кои мора да се чуваат. Изградба на повеќе од 570 хидроцентрали со моќ поголема од 1 мегават што е предвидена од Словенија до Македонија ќе ги загрози природните водни богатства во Европа - апелираат меѓународните организации. Денес, во Молдавија и во Романија водата не е безбедна за пиење.
Последните податоци покажуваат дека потрушувачката на енергија ќе се зголеми за 35 насто, а на вода 85 насто.Според ОН до 2050 година половина од жителите на планетава ќе немаат доволно вода за пиење.
Екологистите кои се денеска во земјава велат дека поголема грижа треба да се посвети на руралните делови.
Денеска е светски ден на водата. Планетата е во акција да ја поттикне свеста, максимално да ја зачуваме.
Викторија Тодоровска