Следната недела средба Лавров- Блинкен

13.05.2021 11:30

Ќе разговараат за клучните билатерални и меѓународни прашања. Министерскиот состанок на арктичкиот совет ќе се одржи на 20-ти мај.

Министрите за надворешни работи на Русија и на САД, Сергеј Лавров и Ентони Блинкен следната недела ќе одржат средба на маргините на Самитот на арктичкиот совет.

Ќе разговараат за клучните билатерални и меѓународни прашања. Министерскиот состанок на арктичкиот совет ќе се одржи на 20-ти мај.

Руско-американските односи се влошија во последните години, а Вашингтон ја обвини Москва за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година, шпионажа и сајбер напади.