Ковид-19: Психолошкиот притисок опаѓа, претпазливоста останува
Оптимистични бројки, масовна имунизација - светло надеж во темниот едногодишен пандемиски тунел. Граѓаните чувствуваат намален психолошки притисок, но и претпазливост - ништо не се зема здраво за готово, особено здравјето...

Намалени бројки, олабавени мерки, топло време, забрзана вакцинација. Има ли надеж за понормалното? Граѓаните чувствуваат- се намалува психолошкиот притисок.
Оптимистично, но и претпазливо. Граѓаните бараат внимателност, а пандемиската година нѐ научи да не ги земаме работите здраво за готово, особено здравјето.
Психолозите цела година имаат полни раце работа. Ја признаваат искрата надеж, но, не спласнува нивната помош. Сега надлежните треба да ги зголемат стручните објаснувања за вакцинацијата.
Уште ќе се бориме со психолошкиот товар од пандемијата. Сега се битни - трпеливоста, упорноста и здравите навики на живеење.
Елизабета Митреска
