Лица со попреченост од Велес почнаа да одгледуваат лаванда и лековити билки
Со засејување на лавандата и други лековити билки, лицата со попреченост од Велес започнаа активност за нивно социјално вклучување и работно ангажирање...

Со песна започна засејувањето на лавандата во близина на Велес од страна на лица со церебрална парализа и други попречености, како и на нивните родители. Така стартуваше проектот на Здружението на лица со церебрална парализа, за нивно социјално вклучување и работно ангажирање.
Лавандата и лековитите билки ќе бидат засадени на површина од три декари. За натамошните активности, во план е набавка на дестилатор за изработка на етерични масла и сушара на сончева енергија, за сушење на лековитите билки и подготовка на чаеви. Освен лаванда ќе бидат засадени и невен, босилек, чубрика, нане, смил, диво оригано.
Освен лицата со попреченост, во проектот се предвидува да се вклучат и други поединци од маргинализираните групи.
Петар Печков
