Македонија

Во вооружена престрелка во скопски Бутел убиено едно лице

13.05.2021 14:22

Во скопската населба Бутел, синоќа вооружена престрелка. Еден е убиен, а уште едно лице е повредено. Од полицијата велат дека околу 22 часот од автомобил во движење било пукано кон возило „Голф“ во кое биле двајцата мажи. Според некои информации, убиениот и е познат на полицијата по пукањето во Александар Палас во 2019-та година...

Синоќа во скопската населба Бутел престрелка отсликана како на филм. На раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“ биле испукани неколку десетици куршуми.

Убиениот е 43- годишен од Скопје, а тешко повреден бил неговиот 24- годишен внук. Од КАРИЛ информираат дека тој е во тешка состојба и се бори за живот. Полицијата го истражува мотивот за убиството.

„Неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото. К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото  извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а возилото е запечатено и пренесено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Според некои информации, убиениот ѝ е познат на полицијата по пукањето во Александар Палас во 2019-та година.

 

Наташа Гркова- Петрушевска