Ќе се изгори ли на скопскиот жежок терен и шампионот?!
Хамбург е името од првата петорка, ако не и евро ракометна клубска тројка. Хамбург е тим од големиот ракометен клан по Барселона и ПСЖ, кој ќе го почуствува жешкиот скопски паркет и конечно, Хамбург е тимот кој го брани шампионскиот трон.

Вредно е да се потенцира дека токму Хамбург е и тим кој заврши во групниот сегмент како најефикасен со само еден пораз. И уште нешто, во своите редови го имаат најдобриот светски ракометар Домагој Дувњак, а и голгетерот број еден од последното Европско, Хоан Канељас.
Но,се изгореа токму најголемите во Скопје. Подготвен ли е за пеколната атмосфера во арената Борис Трајковски, германскиот тим за деншното истрчување на 1/8 финален двобој со македонскиот првак Вардар?!.
”Не се предаваме, напротив името на тимот мотивира, било каква победа би било голем успех, а пласман во ¼ финалето, остварување на соништата“-вели капитенот на црвено-црните, Филип Лазаров. Тој додава дека со публика како вардаровата се е возможно. Токму таа нишка, е една од пресудните за величините што паднаа во Скопје на колена.
Веруваат во себе вардарци, немаа што да изгубат сем да добијат. Позицијата, големината и тежината на трофејот пак, им го носи на Хамбург притисокот. Тоа можеби ќе биде и моментот на одлука. Кој со ќарот дознаваме по вечерва одиграното.
Денеска 18 часот арена Борис Трајковски, Вардар-Хамбург.
