МВР
67 санкции за брзо возење на територијата на СВР Скопје
14.05.2021 09:16
Од нив 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 17 надвор населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На подрачјето на СВР Скопје вчера спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 67 возачи.
Од нив 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 17 надвор населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
