Свет
Засилена офанзива во Газа, Палестинците продолжуваат со ракетни напади
14.05.2021 09:40
Армијата тврди дека во операциите за уништување на мрежа тунели на Хамас биле вклучени воздухопловните и копнените сили, но тие не влегле во Газа.

Израелската војска ја зајакнува офанзивата врз Газа додека палестинските бутовници продолжуваат со ракетните напади петти ден по ред.
Армијата тврди дека во операциите за уништување на мрежа тунели на Хамас биле вклучени воздухопловните и копнените сили, но тие не влегле во Газа.
Од почетокот на битките во Појасот загинале над 100 луѓе. И натаму продоложуваат судирите меѓу еврејските групи и израелските Арапи при што беа уапсени стотици лица.
