ЕМА: „Фајзер“ и „Модерна“ се ефикасни за индиската мутација
Одлуката е донесена врз основа на препораките на експертска комисија и на Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI), кои советуваат да бидат отстранети и вакцини на „Џонсон и Џонсон“ поради ризик од многу ретки, но сериозни последици.

Европската агенција за лекови тврди дека вакцините против Ковид-19 кои се создадени со технологија на мРНА се поефикасни против индиската мутација. Норвешка не ја враќа во употреба вакцината на „Астра Зенека“.
Одлуката е донесена врз основа на препораките на експертска комисија и на Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI), кои советуваат да бидат отстранети и вакцини на „Џонсон и Џонсон“ поради ризик од многу ретки, но сериозни последици. За идната година, Владата на Велика Британија најави истрага за начинот на кој земјата се справила со пандемијата.
Премиерот Борис Џонсон нагласи дека е рано процесот да почне сега бидејќи постои голем ризик да се појават нови мутации во текот на зимата.
