Здравство

Оперирани првите двајца пациенти на првата државана кардиохирургија за возрасни

22.03.2014 16:41

Двајцата италијански кардиохирурзи професорите Роберто Чини и Антонино Марулово средата и вчера ги оперирале првите двајцата повозрасни пациенти во тешка здравствена состојба, со што практично отпочна првата кардиохирургија во Македонија за возрасни, на која се чека 40 години.

Асистирале наши хирурзи, инвазивни кардиолози, анестезиолози и друг помошен персонал, како и хирурзи од Србија и од Босна и Херцеговина. Според докторите, операциите се успешни,а пацинетите се чувствувале добро.  Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека за неколку месеци ќе биде реконструиран оддел на Клиниката за кардиологија и ќе биде набавена соодветната опрема,каде што ќе биде лоцирана државната кардиохирургија, бидејќи сега операциите се одвиваат во операционите сали на Детска хирургија во Хируршките клиники. За оваа година за оперирање се предвидени 50 пациенти. Италијанските хирурзи треба да обучат неколку тимови самостојно да работат, а паралелно на обуката овде, тимови ќе се едуцираат и во неколку странски центри, по што следува целосно осамостојување на првата државна кардиохирургија во Македонија.

Соња Стојановска