Зголемен бројот на оздравени од Ковид-19
Вчера регистрирани се 3.803 оздравени пациенти. Регистрирани се и 123 нови случаи со Ковид-19 и 17 починати.

Расте бројот на оздравени пациенти од Ковид-19, покажува статистиката на Институтот за јавно здравје. Вчера регистрирани се 3.803 оздравени пациенти. Регистрирани се и 123 нови случаи со Ковид-19 и 17 починати.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројот на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а на активни случаи изнесува 6.257 од кои 2650 во Скопје.
Се намалува и бројот на хоспитализирани на инфективните одделенија во државава. Вкупно се лекуваат 638 пациенти со Ковид-19 од кои 262 во Скопје.
Вакцинацијата против Ковид-19 во државава се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани. Вчера, вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани.
