САД
„Колонијал пајплајн“ им исплати откуп на хакерите
14.05.2021 11:35
Неколкудневниот прекин на работата предизвика големи загуби во производството. Најголемиот нафтовод во САД го снабдува појасот од Тексас до североистокот.

„Колонијал пајплајн“ им исплати речиси пет милиони долари на источноевропските хакери. Откупот бил финансиран со криптовалути чијашто трага не може да се следи.
Неколкудневниот прекин на работата предизвика големи загуби во производството. Најголемиот нафтовод во САД го снабдува појасот од Тексас до североистокот.
ФБИ ги обвини „Дарк Сајд“ кои не презедоа одговорност, но објави дека хакирала три други компании.
