Нова песна- „ТИ“

Полина Тасева: Креативниот процес е долг, но прекрасен

14.05.2021 11:41

„Процесот е долг, но прекрасен. Се осврнуваш на идеите и стекнатото знаење, а потоа чекориш само напред додека не стигнеш до реализација и готовиот производ“ – опишува Тасева зборувајќи за креативниот процес.

Полина Тасева ја објави „Ти“, трета по ред песна во нејзиниот препознатлив стил и уште еднаш ја освои публиката со својот сензибилитет и вокална интерпретација. Музиката и текстот ги напиша таа заедно со Иван Петровски, кој пак работеше на аранжманот и продукцијата на темата.

„Процесот е долг, но прекрасен. Се осврнуваш на идеите и стекнатото знаење, а потоа чекориш само напред додека не стигнеш до реализација и готовиот производ“ – опишува Тасева зборувајќи за креативниот процес.

Спотот за „Ти“ е дело на Христина Трајкоска, а особено впечатливи се креациите на Андреј Ѓорѓиевски Папаз, дизајнер со кој Полина Тасева веќе долго време соработува.

Тасева најавува и албум, на кој веќе работи со Иван Петровски.