ДУИ реферира за сработеното

22.03.2014 16:53

Презентирана отчетната книга на ДУИ за сработеното во изминативе три години.

Стратегијата на интегративците - партискиот лидер Ахмети ја спореди со летот на  орелот, којшто како што рече, „никогаш  не ја губел целта“.

„Нашата цел е потполна рамноправност за албанците кои живеат на својата земја Македонија ,зашто само така може нормално да функционира една демократска  држава“, изјави  Али Ахмети  претседател на ДУИ

Од  Бесими,  резиме за реформите во ЕУ агендата, искористеноста на европските  фондови и за како што  рече интензивната дипломатија на дуи во градењето на  добрососедските  односи. Од  Јакупи пресек за резултатите во законодавната власт.  Џафери стартуваше со исполнувањето на обврските од охридскиот договор за потоа  детално да ги наброи сите проекти и инвестиции според  него реализирани  во  изминативе три години. Политичкиот  противник  возврати -  наместо  да  се  фалат    треба да им  се извинат  на албанците за рекетот и,осиромашувањето и одземената  перспектива.

ДУИ  и  ДПА  си  разменија  критики  и  за од нив предложените членови  во  ДИК. Од  интегративците - критика за воздражаното гласање  на Ибраими  за приговорите на  ДУИ . Од  ДПА со контра прашање - зошто на Јакупи му пречеше до претседателскиот  кандидат   Илјаз  Халими  да стои партискиот знак  на ДПА со двоглавиот орел.

Виолета  Димовска