Регион

Евзони сѐ уште затворен, колоната станува сѐ поголема

14.05.2021 13:02

Неофицијално, грчката полиција сѐ уште нема добиено протокол како да ги пропушта. Не се знае кога ќе биде дозволен влез за сите кои имаат негативен ПЦР- тест, писмен доказ за примени две дози вакцини или позитивен резултат од антитела.

Граничниот премин Евзони на грчко- македонската граница сѐ уште е затворен. И покрај најавите дека јужниот сосед ќе ги крене рампите, возила не се пропуштаат, колоната станува сѐ поголема. Има заглавени и во меѓуграничната зона.

Неофицијално, грчката полиција сѐ уште нема добиено протокол како да ги пропушта. Не се знае кога ќе биде дозволен влез за сите кои имаат негативен ПЦР- тест, писмен доказ за примени две дози вакцини или позитивен резултат од антитела.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вели дека застој има бидејќи сѐ уште нема формална одлука од грчка стана за отворање на границите. Ги повика граѓаните да се информираат преку официјалните соопштенија.