Ковид-19

Голем интерес за вакцинација во Штип, од понеделник имунизација на вработените во компаниите

14.05.2021 13:13

Интересот за имунизација во регионалниот вакцинален пункт во Штип е голем, дневно се вакцинираат над 1.000 лица. Освен возрасните граѓани, тече вакцинацијата ризичните групи од државните институции, а од идната недела стартува имунизацијата на вработените во приватниот сектор.

Вакцини има доволно, имунизацијата во Штип тече без застој, приоритет имаат лицата со потврден термин, а паралелно се имунизираат и вработени во јавните служби.

Медицинскиот кадар има право да користи годишен одмор, но тоа нема да влијае врз текот на масовната имунизација.

Граѓаните главно задоволни од организацијата во спортскиот центар „Јордан Мијалков“.

До утре треба да заврши имунизацијата на дел од вработените во јавните служби, а од понеделник ќе се вакцинираат од приватните компании, каде интересот е голем, велат надлежните.

Текстилните работници немаат предност, ќе се вакцинираат сите според редоследот на пријавување.

 

Славица Величковска