Тетово

Со новиот закон се отвара пат за легализација на урбаниот хаос

14.05.2021 13:29

Во тетовско нема предел без дивоградби. Со новиот закон се отвора пат за легализација на урбаниот хаос – велат експертите, со став дека ќе бидат мотивирани инвеститорите кои бесправно граделе да продолжат да градат на диво.

Во Тетово и на Шарпланинскиот појас нема маало и предел каде што нема дивоградби. Изградени нелегално покрај реки, стрмни терени, на само неколку метри од други објекти, загадувајќи го воздухот и преставувајќи ризик за ерозии и поплави.

Сега со новиот закон за отвора пат за легализација на урбаниот хаос, каде секој каде сака и каква сака градба ќе гради, велат експертите.

„Сега кој закон треба да важи- законот за градење или законот за легализација на дивоградби“, прашува архитектот Богосав Божиновски. Тој алармира дека веќе нема простор да се размуслува за некаков урбан развој и план на општините, доколку не се повлече законот.

Тетово е цело бетонизирано, повеќе и нема простор за дивоградби кои во последниве години се градат на живописните предели на Шара, кои што наместо да се урнат, сега со новиот закон ќе се легализираат во идниот национален парк.

Зоран Димовски