Фудбал

Работнички на врвот, барем до утре

22.03.2014 16:59

Во првиот натпревар од 23-тото првенствено коло екипата на Работнички убедливо ја совлада брегалница со 4-0 и изби на врвот на прволигашката табела со 41 бод, три повеќе од Турново, Вардар и Пелистер кои своите натпревари ќе ги одиграат утре.

Откако пред три дена во полуфиналето од купот Работнички го победи истиот противник со 2-0, а првиот гол го постигна уште  во првата мунута и денеска пред 50-тина гледачи на Филип Втори, романтичарите отворија рано. Во 4-тата минута по шутот на Тодоровски голманот Божиновски кратко одби, а натрча трајчевски за 1-0. Во скромното со шанси прво полувреме Работнички можеше да зголеми преку Петровиќ, а гостите возвратија со ударот на Ристов над пречката.

Во вториот дел Брегалница тргна офанзивно, но шутот на Наумов го одбрани Стојчев, а во 55-тата минута гостите останаа без Шишков кој  доби втор жолт картон. Играчката предност романтичарите ја реализираа за само 4 минути и од 59-тата до 63-тата со головите на Маневски, Тодоровски и Сулејманов славеа со 4-0.