Продажбата на земјоделското земјиште нејасна
Највените законски измени за продажба на државното земјоделско земјиште ги збуни и ги исплаши земјоделците, а дел експерти се против зашто се потребни анализи. Продажбата може да има големи реперкусии. Од Министерството за земјоделство демантираат евтини продажби и манипулации. Ќе се земат предвид аргументираните предлози...

Стеванче Јорданоски од прилепско Мажучишете е фармер со години. Обработува 50-ина хектари од кои половината се државни, земени на концесија. Збунет е и се плаши од најавената продажба на државното земјоделско земјиште.
За земјоделците е небулозно. Како да се купи земјиште, кога несигурни им се производството и пласманот. За дел експерти најавената продажба на земјиштето имплицира социјални, еколошки проблеми, неможност за аграрни политики. Се уништуваат малите земјоделски стопанства, може да има феудализација, манипулации. Потребни се сеопфатни анализи и искуства од други земји.
Од Министерството за земјоделство демантираат евтини продажби и манипулации со земјиштето. Повикана е јавноста за расправа и ќе се земат предвид аргументите.
Претстојните законски измени за породажбата на земјоделското земјиште остануваат во фокусот на јавноста.
Елизабета Митреска
