Османи- Мази

Одложувањето на меѓувладината конферениција го нарушува кредибилитетот на ЕУ

14.05.2021 14:59

Одложувањето на меѓувладината конферениција со која треба да стартуваат преговорите со ЕУ за Северна Македонија и Албанија го нарушува кредибилитетот на Унијата и нѐ прави сите губитници. Ова го изјави главниот преговарач со ЕУ на Албанија, Зеф Мази по средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи...

Размена на мислења за пристапните процеси на Македонија и Албанија со Европската унија, прогнозите за усвојување на преговарачките рамки и организација на првите меѓувладини конференции со ЕУ, беа темите на разговорот меѓу министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот Зеф Мази, главен преговарач за пристапување на Албанија во ЕУ.

Според министерот Османи, новата методологија предвидува посилно политичко водење на самиот процес на преговори, поголема улога на самите земји – членки во надзорот и оценувањето на преговарачкиот процес, со што и улогата на нашата дипломатска мрежа во престолнините на ЕУ добива дополнително значење и одговорност за успешно водење на преговорите. Како клучни точки на комуникација со институциите на ЕУ се секако мисиите во Брисел на земјите кои преговараат, и тие мора да добијат сериозно дипломатско засилување.

Разговарано е и за заедничката соработка за обуките за јакнење на административните капацитети при справување со предизвиците на улогата и задачите од преговарачкиот процес.

 

Наташа Јанчиќ Менковски