На воениот полигон „Криволак“ во понеделник почнува вежбата на НАТО „Одлучен удар 21“
Станува збор за одбранбена вежба која покажува каков би бил одговорот односно контранападот на НАТО во случај на криза...

Екипата на Македонската телевизија се наоѓа во транспортниот хеликоптер МИ-17. Упатени сме кон Криволак каде за 3 дена почнува најголемата воена вежба годинава, одлучен удар 21.
Станува збор за мултинационална вежба, организирана и предводена од македонската армија заедно со армијата на соединетите американски држави, а учесници сè уште две НАТО армии, Бугарија и Грција. Ангажирани се вкупно 1500 армиски припадници. Одлучен удар 21 е дел од најголемата НАТО вежба годинава на тлото на Европа, дифендер јуроп 21 која опфаќа околу 20000 припадници на сојузничките сили.
Нашата цел за модернизација и унапредување на Криволак е и оправдана и реална, а полигонот прераснува во вистински национален, регионален и НАТО капацитет, став на министерката Шекеринска.
За целиот период на одржување на вежбата, ќе се врши мониторинг на параметрите на квалитетот на воздухот, за заштита на животната средина.
Македонија за прв пат организира ваква вежба како полноправна членка.
Станува збор за одбранбена вежба која покажува каков би бил одговорот односно контранападот на НАТО во случај на криза. Дел од вежбата ќе се одржи токму на теренот зад мене. Церемонијата на завршување на вежбата е на први јуни.
Марија Котовска
