Унијата има програма за оспособување на сателитскиот центар на Унијата
Европската Унија има план, наскоро да го оспособи сателитскиот центар на Унијата кој беше формиран уште во 1992 година, а што е сместен во близината на Мадрид...

Европската јавност за овој план ја извести Високиот претставник за надворешна политика на Унијата, Жозеп Борел по состанокот на одбор на министерско ниво за сателитска стратегија.
Брисел, со активирањето на сателитскиот центар којшто е сместен во близината на Мадрид, во иднина ќе овозможи поефикасна комуникација меѓу земјите членки на Унијата за донесување одлуки на Брисел во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика, вклучувајќи ги и мисиите за управување на кризи.
-Сателитскиот центар е крајно важна придобивка за нашите институции и агенции, за нашите мисии и интервенции, затоа што ни обезбедува критична анализа на геополитички разузнавачки информации. Исто така, ќе им обезбедува на нашите партнери – како што е Специјалната мисија за набљудување на ОБСЕ во Украина или мисијата на Светската организација во Либија, непроценлив преглед на она што се случува на теренот, изјави Жозеп Борел, потпретседател на Европската комисија.
Во првиот проект на Песко, центарот на одбранбената стратегија, ќе се вклучат Канада Норвешка и САД кои претходно покажаа интерес за соработка во трансатлантската соработка.
Брисел исто така планира да издвои околу 13 милијарди евра и за други сателитски програми со активирање на инсталациите на широкопојасен интернет. И покрај тоа што проектот е во фаза на изработка експертите велат дека Унијата е со намера во ниската Земјина орбита меѓу 500 и 1000 километри оддалеченост од земјата да испрати 600 сателити. Се очекува лансирањето да почне пред 2027-та додека обезбедувањето услуги на широкопојасниот интернет при крајот на втората деценија од овој век.
Мирјана Василева
