Израел

Десетчлено семејство убиено во напад во Газа

15.05.2021 10:55

Израелските авиони ги продолжуваат воздушните напади во појасот Газа...

Бројот на жртви секојдневно расте. Десетчлено семејство било убиено, меѓу кои осум деца и две жени кога проектил истрелан од израелски борбен авион ја уништил нивната куќа во бегалскиот камп Ал Шати.

Според очевидци, израелските воени авиони фрлиле најмалку три бомби врз трикатната куќа без да ги предупредат нејзините станари.

Како одговор на нападот, Хамас истрела проектили кон јужниот дел од Израел.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на итен прекин на непријателствата во Израел и појасот Газа.