Кина

Загинати и повредени во налет на две торнада

15.05.2021 11:40

Шест лица загинаа во Вухан, а уште четири во градот Шенгзе, на источниот брег во близина на Шангај...

Најмалку 10 лица загинаа, а 300 биле повредени кога две торнада ги погодија централна и источна Кина.

Шест лица загинаа во Вухан, а уште четири во градот Шенгзе, на источниот брег во близина на Шангај. Торнадото уништи повеќе од 20 домови во Вухан и предизвика прекин на електричната енергија во повеќе од 20 илјади домаќинства.

Новинската агенција Синхуа објави дека 27 куќи биле урнати во Вухан, а други 130 биле оштетени.