Нова донација од Кина – пристигнаа 100.000 вакцини на Синофарм
Нема информации за злоупотреба на системот со термините за имунизација, вели министерот Филипче. Имунизацијата продолжува според возраста. Денеска пристигна нова донација од Кина - 100.000 вакцини против Ковид-19 од производителот Синофарм…

Пријавените повозрасни граѓани заедно со сите дополнително пријавени по пресекот направен на 30 април, ќе бидат вакцинирани до крајот на следната недела. Досега 40 проценти од вкупното население над 70 години веќе се вакцинирани, направен е список и за околу 2.000 граѓани кои се со трансплантација или на дијализа и нивната вакцинација ќе заврши до вторник. Министерот Филипче рече дека нема информации за злоупотреба на системот со термините.
Процесот на вакцинација тече непречено и се зголемува бројот на пријавени граѓани на вакцинација.мк.
Ова е уште еден значаен знак на солидарност меѓу Кина и Северна Македонија во борбата против пандемијата по испораката на 200.000 Синофарм вакцини во април рече кинескиот амбасадор.
Вчера преку Ковакс системот пристигнаа 38.400 вакцини Астра Зенека и ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години.
Билјана Јанакиеска
