Индустрија

Карбинци во време на пандемија доживува индустриски подем

15.05.2021 14:02

Добрата местоположба, сообраќајната инфраструктура и организираната локална администрација го прават карбинскиот регион привлечен за инвеститорите. Оваа рурална општина на истокот има две индустриски зони на површина од 120 хектари, а планира да уреди уште две. Инвеститорите се домашни бизнисмени, главно од источниот регион...

Пандемијата не ги поколеба инвеститорите да градат во Општина Карбинци. Во втората индустриска зона со површина од 70 илјади метри квадратни, продадени се десет парцели. Се гради угостителски објект, сервис за товарни возила, фабрики за кондиторски и сувомесни производи, а во план се и две фотоволтаични централи.

Општината работи на осмислување и на четврта индустриска зона близу експресниот пат Штип – Кочани кај клучка Крупиште.

Во Карбинци живеат околу пет илјади жители во 30 села. Главна дејност е земјоделието, општината располага со околу 20 илјади хектари земјоделско земјиште. Се смета дека идустриските објекти кои ќе работат овде ќе бидат потенцијалот за целосен развој на општината.

Славица Величковска