Израел

Продолжуваат нападите во појасот Газа

15.05.2021 14:15

Според палестинските медицински лица најмалку 12 луѓе загинале во текот на ноќта во воздушни напади. Од 10 мај беа убиени повеќе од 130 луѓе, меѓу кои 34 деца и 21 жена, илјада се ранети...

Израел ги засили нападите врз Газа на западниот брег и по должината на границата со Либан што резултираше со внатрешни граѓански немири меѓу арапските и еврејските граѓани. Израелските авиони ги продолжуваат воздушните напади врз Газа, а милитантите на Хамас возвратија со ракети.

Според палестинските медицински лица најмалку 12 луѓе загинале во текот на ноќта во воздушни напади. Од 10 мај беа убиени повеќе од 130 луѓе, меѓу кои 34 деца и 21 жена. Близу илјада се ранети.

Израелската армија соопшти дека во нападите бил оштетен тунелски систем што го користеле милитантите во Газа.

Неуспешни беа меѓународните напори за медијација во конфликтот. Вашингтон се обидува итно да го деескалира конфликтот.

„Целта на нашата администрација, на претседателот, на целиот наш тим за национална безбедност, е деескалацијална состојбата. Работиме кон воспоставување траен мир. Тоа е во фокусот на секој разговор со водачи во регионот, палестински лидери, израелски лидери, египќаниТунижани кои може да влијаат врз Хамас. Многу внимателно гледаме на ова. Претседателот верува дека Израел има право на самоодбрана“, изјави Џен Псаки, портпарол на Белата куќа.

Во израелското бомбардирање во текот на ноќта загинаа најмалку 12 палестинци. Хамас почна со ракетни напади по тензиите во врска со спор за иселување палестински семејства во источен Ерусалим и како одмазда за судирите на израелската полиција со палестинците во близина на џамијата Ал-Акса, третото најсвето место во исламот.

Египетските и јорданските министри за надворешни работи разговараа за напорите да се стави крај на конфронтацијата во Газа и да се спречат „провокациите“ во Ерусалим. Обединетите арапски емирати, пак, повикаа на прекин на огнот изразувајќи им сочувство на сите жртви. Во септември, ОАЕ и Бахреин станаа првите арапски држави во четвртина век што воспоставија формални врски со Израел.

Граѓанските немири меѓу евреите и арапите во Израел им зададоа силен удар на израелските опозициски напори да го симнат од власт премиерот Нетанјаху по серијата неубедливи избори, зголемувајќи ја можноста за петто гласање во две години.

Марина Ристова