ВАКЦИНАЦИЈА во БИТОЛА

За девет дена вакцинирани 11.350 лица во битолскиот регионален центар

15.05.2021 19:29

Од почетокот на масовната имунизација во битолскиот регионален центар во спортската сала на медицинското училиште дневно просечно се вакцинираат нешто над 1.200 лица од општините на пелагонискиот регион. Од домот за народно здравје најавија дека од понеделник тука ќе започне и ревакцинацијата со втората доза на Фајзер вакцината …

Интересот за вакцинација во регионот каде третиот Ковид бран беше еден од најсилните е задоволувачки. За девет дена вакцина примиле 11.350 лица од општините од пелагонискиот регион. И на десетиот ден присутна просечната дневна динамика. Добрата организација се забележува уште од дворот на медицинското училиште, прекупа се до 12-несете вакцинални пунктови. Ако на почетокот постоеше доза на страв како одминува времето пациентите поопуштени.

Во смена вклучени се околу 50-сет медицински работници. Досега не се регистрирани некои несакани последици а воспоставената динамика овозможува во континуитет да се спушта и старосната граница велат од домот за народно здравје.

Од почетокот на идната недела очекуваат обемот на работа да се зголеми.

Инаку епидемиолошката слика во Битола значително е подобрена. Новите Ковид оддели кои беа отворени од поодамна се затворени а на инфективното одделение пополнетоста на болничките леглата е под 40-сет посто.

Стевче Митревски