По Крим, и Доњецк сака референдум
22.03.2014 17:40
Повеќе од 5 000 луѓе денеска се собраа на проруски митинг во Доњецк

Повеќе од 5 000 луѓе денеска се собраа на проруски митинг во Доњецк во источниот дел на Украина барајќи да се одржи референдум како оној на Крим, бидејќи, како што велат, не се подготвени да му се потчинат на западот. Проруските приврзаници, соборувањето на претседателот Јанукович го сметаат за државен удар и дека на власт во земјата дошле националистите коишто сакаат да ја потиснат големата етничка руска популација на истокот на земјата. Шефот на германската дипломатија, Френк Валтер Штајнмаер кој е во посета на Киев, се очекува да го посети и Доњецк.
