Ковид-19

Термини за вакцинирање добија сите граѓани над 40 години од Скопје пријавени на „вакцинација.мк“

16.05.2021 14:29

Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 години кои до крајот на април се пријавиле за вакцинирање...

Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30-ти април изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата „вакцинација.мк“, објави министерот Филипче.

Посочува дека во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 години кои до крајот на април се пријавиле за вакцинирање.

Од вчера почна и имунизацијата на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Досега се вакцинирани над 163 илјади граѓани.