Димитров: Соработката е инвестиција во стабилноста
Димитров во интервју за грчкиот весник „Та Неа“ зборува за Преспанскиот договор и билатералните односи Скопје-Атина, како и за европската перспектива на Северна Македонија и регионот.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров е уверен во, како што вели, историското значење на Преспанскиот договор, бидејќи отвори можност за соработка меѓу двете држави. Димитров во интервју за грчкиот весник „Та Неа“ зборува за Преспанскиот договор и билатералните односи Скопје-Атина, како и за европската перспектива на Северна Македонија и регионот.
„Обично кога зборуваме за Преспанскиот договор се мисли на решавањето на проблемот со името. Но, договорот има и друга димензија што се однесува на јакнењето на соработката во сите области. И тоа беше инвестиција во стабилноста на регионот“, вели Димитров во интервјуто.
Нагласува дека е многу важно знамето на Европската унија да го опфати и Западниот Балкан, бидејќи тоа е прашање на заокружување на процесот на обединување на Европа. Се осврнува и на важноста на европската перспектива на Северна Македонија, која, како што вели, е тест за кредибилитетот на ЕУ.
