Заев: Нема мирен мандат, од почетокот се бориме на два фронта
„Нема мирен мандат, од почетокот се бориме на два фронта“, Зоран Заев на 26-тиот конгрес на СДСМ. Партијата онлајн избира заменик- претседател, членови на Централниот одбор и членови на Надзорниот одбор...

Со многу трпение и мудри одлуки ги добивавме битките изминатите години. Решивме прашања за кои никој не собра храброст да ги реши 30 години. СДСМ никогаш не калкулира со политички рејтинг кога станува збор за националните интереси. Нема веќе недопирливи, посветени сме на градење на ефикасна правна држава, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на 26- тиот Конгрес на партијата. Вели,нема мирен мандат, од почетокот се бориме на два фронта.
Заев посочи дека пред СДСМ се уште бројни предизвици на секое поле. Кадровски промени, ангажирање на сите капацитети во борбата против криминалот и корупцијата, почитување на туѓите ставои и меслења,поттикнување на мотивацијата на граѓаните. Петте столба за нова политичка акција за позитивна промена.
Во новото раководство на Социјал- демократите ќе има повеќе здравствени работници. А поприсутни се и младите и понежниот пол.
Наташа Гркова- Петрушевска
