„Редакција“: Документарен серијал за криминал и корупција од вечерва на МРТ1

16.05.2021 15:09

Од вечерва во 20:15 на МРТ1, документарен серијал за криминал и корупција. Истражувачката репортерска лабораторија најавува нов новинарски пристап кон обелоденување на горливите проблеми...

Тим на млади луѓе продуцираат нешто уникатно. Македонската телевизија и Истражувачката репортерска лабораторија преку документарниот серијал „Редакција“ ќе откриваат криминал и корупција. Велат, целта е да се охрабрат граѓаните да пријавуваат криминал и заедно да се бориме против него.

„Редакција“ дава простор за нови идеи. Серијалот има еден поинаков и автентичен стил, којшто досега го немаме видено на телевизиите, вели режисерот Садиковски.

Имаме обрска да создаваме содржини во интерес на граѓаните, да понудиме квалитет и веродостојност потенцираат од јавниот сервис.

Кој ги труе граѓаните? Тимот на истражувачи тргнува во потрага по изворот на македонскиот „пеколен здив“. „Редакција“, премиерно ќе се емитува на МРТ1 вечерва од 20:15.

 

Александра Спировска