Мирен живот во Небрегово на Блаже Конески
Ова е година на основположникот на македонскиот стандарден литературен јазик, на граматиката, поетот, писателот, академикот Блаже Конески. Сто години од неговото раѓање. Најавени се одбележувања и во неговата родна, сега спомен-куќа во Небрегово. Како се живее во Небрегово со сите предизвици на овие времиња на искушенија?

Речиси недопрен од бурното време, животот мирно тече во Небрегово на Блаже Конески и на 130-тината жители. И кога се на тутун, и кога со пот се печали во блискиот рудник за мермер, небреговци се свесни и горди: ги знаат поради некогашниот нивен содружник - великанот Блаже Конески. Затоа имаат пат, спомени, посетители.
Можеби тоа ги задржало младите, детскиот џагор во училиштето, старите куќи за потсетување, а новите за потврда на корените. Короната ја поминуваат со некој редок случај, секојдневието е со истите предизвици.
Горди се на спомен-куќата на Конески, ама сакаат повеќе почит за него. Музејот го обновува и училиштето каде Конески бил прваче. За водичот во спомен-куќата на Конески, крајно време е посетата да биде задолжителна за учениците.
Ова е година на Блаже Конески. Небреговци го живеат секојдневието и исчекуваат почит за Конески.
Елизабета Митреска
