С. Кореа тестираше 30 ракети со краток дострел
22.03.2014 17:43
Северна Кореја денеска повторно тестираше 30 ракети со краток дострел...

Северна Кореја денеска повторно тестираше 30 ракети со краток дострел на источниот брег на земјата кон Јапонија, откако на трети март истрела две балистички ракети. Јужна Кореја во неколку наврати бараше од соседот да престане со тестирањето ракети коешто го сметаат за провокација. проектилите се истрелани во знак на протест поради заедничките воените вежби на САД и на Јужна Кореја коишто според Пјонгјанг се вежбање за инвазија.
