Голем интерес за вакцинација во Струмица
Во Струмица започна масовна вакцинација против Ковид- 19. Струмичани во огромен број пред вакциналниот пункт. Некои од нив иако со закажани термини во Штип, сепак сакаа вакцина да примат во Струмица...

Голем интерес за вакцина на првиот ден од имунизацијата во Струмица. Вакциналниот пункт наместен според сите протоколи, но граѓаните нетрпеливи. Некои од нив имале закажани термини во Штип, но решиле тука да ја примат вакцината. Оние пак со редовен термин нервозни.
Од Здравствениот дом велат дека за денес се предвидени околу 500 вакцини, а со добра организација ќе успеат да ги вакцинираат и оние кои не заминале за Штип.
После многуте реакции дека граѓаните од Југоистокот ќе мора да патуваат до Штип, Кавадарци или Скопје , општината успеа да изменаџира отворање на вакцинален пункт.
Граѓаните од југоисточниот регион вакцината против Ковид- 19 ќе може да ја примаат во Струмица со претходно закажан термин.
Стојне Митева
