Пендаровски и Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим

18.05.2021 10:18

Претседателите на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и на Република Бугарија, Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим...

Претседателите на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и на Република Бугарија, Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим.

Двете делегации ќе отпатуваат заедно во Италијанската Република и на 27-ми мај претседателите Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век Папата Адријан Втори ги благослови азбуката и книгите напишани од Светите браќа Кирил и Методиј.