Здравство

Пристигнаа уште 9.360 дози од вакцината на „Фајзер“

18.05.2021 10:21

Според договорт, „Фајзер“ секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини „Фајзер“ се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Уште 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“ пристигнеле вчера во земјава, соопшти Министерството за здравство. Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид 19.

Според договорт, „Фајзер“ секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини „Фајзер“ се добиени преку трилатерални договори  во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан , што ја координира Австрија, во нашата земја во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини.

Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Северна Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини.