Израел: Истрелани гранати и кон Либан
Американскиот претседател Бајден побара прекин на огнот...

И покрај интензивирањето на дипломатските напори за прекин на огнот, израелско-палестинскиот конфликт се повеќе се разгорува. По гранатирањето на Појасот Газа, израелската војска изврши напад и врз Либан од каде што претходно биле неуспешно ланирани шест ракети.
Американскиот претседател Џо Бајден по трет пат разговараше телефонски со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој потврди дека соработува со Египет и други земји, но побара и Израел да преземе сè што може да ги заштити цивилите.
Третиот вонреден самит на Советот за безбедност на ОН заврши без конкретен резултат откако САД повторно ја блокираа заедничката изјава за итен прекин на огнот и осуда за израелските напади. Досега загинаа над 200 луѓе, вклучувајќи и десетици деца.
