Евроинтеграции

Во Брисел средба на Борел со лидерите на земјите од Западен Балкан

18.05.2021 10:51

Како што информираат од Брисел, Борел ќе ги слушне размислувањата и ставовите за политичката состојба, за проширувањето, но и за поширокиот развој во регионот.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел попладнево во Брисел на работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Како што информираат од Брисел, Борел ќе ги слушне размислувањата и ставовите за политичката состојба, за проширувањето, но и за поширокиот развој во регионот.

„Причината и целта на оваа средба е навистина да се слушне од лидерите на Западен Балкан како тие ја гледаат тамошната политичка ситуација“, изјави портпаролот на Борел, Петер Стано, кој појасни дека министрите за надворешни работи на Унијата сакаат да ја разгледаат ситуацијата од поширока перспектива.