Евроинтеграции

Во Владата оптимизам дека може да се најде решение за спорот со Бугарија

18.05.2021 16:43

Во Владата сѐ уште оптимизам дека може да се најде решение за спорот со Бугарија. Вицепремиерот Димитров ја повика Европската унија да покаже дека е сериозна за процесот на проширување. Најавен е поголем ангажман од португалското претседателство да го испорача она што не успеа за време на германското, одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите за членство...

Сите земји- членки може да ни помогнат во решавање на спорот, но најприродна е помошта од нашите соседи, и од Грција и од Бугарија, зашто тие ќе имаат исто така корист од тоа, смета вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Тој посочи дека е важно Грција силно да поддржи почеток на пристапните преговори со оддржување на првата меѓувладина конференција. Димитров открива дека се најавува посилен ангажман на португалското претседателство кое сака да го заврши тоа што го почна германското.

Додаде дека деновиве ќе има и средби, и дека следува интензивирање на преговорите со Бугарија. Но, не сакаше да откива детали. Иако од другата страна предизвикот е техничка влада, но доколку дигнеме раце, вели Димитров, ќе се изгубиме во следните избори кои доаѓаат кај нас, па кај некои поголеми европски земји.

Затоа многу е важно и за Унијата да покаже дека е сериозна кога зборува дека ние ќе бидеме дел од неа, додаде Димитров.

Фиљана Кока