Состојбата со Ковид-19 се смирува, притисокот врз болниците значително намален
Состојбата со коронавирусот се смирува. Притисокот врз здравствениот систем е значително намален. Битолската клиничка болница по повеќе од една година се враќа на стариот режим на работа. Најголемиот дел од специјалистите, кои беа вклучени во ковид- центарот од други специјалности и оддели се враќаат во матичните одделенија...

По многуте дежурства и поминати месеци во одделите на првиот формиран регионален ковид- центар, најголем дел од лекарите специјалисти и останатиот персонал се враќаат во своите матични одделенија.
Како специјалист интернист и субспецијалист пулмолог, докторката Елизабета Ивановска беше меќу првите кои ја започна ротацијата на медицинскиот кадар. Повикот за прв пат да го облече скафандерот вели ќе го памети цел живот.
Временски интервал исполнет на моменти со тага и болка, но и моменти на среќа за спасениот живот. Трауматични приказни кои ќе се раскажуваат уште долго во сите одделенија на клиничката болница, која по една година се враќа на вообичаениот ред на работа.
По ковид- одделот во физикалното одделение, од вчера во мирување е и модуларната болница. 29-те лица се хоспитализирани на Инфективното одделение- можност за издишка и на медицинскиот персонал од овој ковид оддел.
Стевче Митревски
