Евровизија 2021
Моќен настап на Васил Гарванлиев на Евровизија
18.05.2021 21:42
Васил Гарванлиев настапи шести на евровизиската сцена со моќна изведба на песната „Here I Stand“ и одлични сценски ефекти...

Беспрекорна вокална интерпретација и тон емоции донесе македонскиот претставник, Васил Гарванлиев, на првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија 2021 кој се одржува во Ротердам.
Васил Гарванлиев настапи шести на евровизиската сцена со моќна изведба на песната „Here I Stand“ и одлични сценски ефекти. Текстот на песната е дело на Гарванлиев, кој се погрижи и за музиката заедно со Давор Јордановски и Борче Кузмановски.
На првото полуфинале на Евровизија 2021, настапуваат претставници на 16 земји. 10-те најдобро оценети натпреварувачи ќе се пласираат во финалето.
