Судот ја одби гаранцијата, Мијалков останува во притвор

20.05.2021 10:21

Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека сѐ уште постои опасноста од бегство, односно со укинување на мерката притвор, тој може повторно да биде недостапен на органите на прогон.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, донесе решение со кое предлогот на одбраната за гаранција за ослободување од притвор на екс- директорот на УБК Сашо Мијалков се одбива како неоснован.

Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека сѐ уште постои опасноста од бегство, односно со укинување на мерката притвор, тој може повторно да биде недостапен на органите на прогон.

Решението не е правосилно, односно странките имаат право на жалба пред Апелацискиот суд во рок од три дена по приемот на решението.